fbpx

Се породи, па почина од корона: Зборовите на сопругот болат

Мајка на четири деца почина од последици на Ковид-19, само четири дена откако се породила и на свет донела девојче.

Нејзиниот неутешен сопруг раскажува дека неговата жена е суперхерој која 16 дена водела битка со смртоносниот вирус пред да почине.

Илјадници луѓе на социјалните мрежи се простија од 35-годишната Саманта Вилис од Северна Ирска, а зборовите на нејзиниот животен партнер навистина болат.

„Денеска ми е најлошиот ден во животот. Ја изгубив љубовта на својот живот. Храбро се бореше повеќе од две недели, но на крајот тоа не беше доволно. Нејзината мајка, нашите деца и јас бевме покрај неа. Додека беше во болница и ја водеше најважната битка, ми подари ќерка која никогаш нема да ја држи во прегратка. Ќе се погрижам Евигрејс да знае се за нејзината мајка која никогаш нема да ја запознае“, вели Џош.

Уверен е дека сега Саманта ги гледа од небото и дека е многу горда на нив.

„И ние бевме горди на неа. Беше прекрасна, сакана и грижлива личност, наш суперхерој. Сега таа е нашиот ангел-чувар и засекогаш ќе ни остане во мислите и во срцата“, завршува тој.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Најсмртоносниот канцер за жени: Не ги игнорирајте овие симптоми!

Дури 140.000 жени годишно ја губат битката со рак на јајници, дефинитивно најсмртоносниот канцер за жените. Станува збор за тешка и сериозна болест, за најсмртоносниот канцер од сите гинеколошки малигнитети. Овој рак нема рани симптоми, и кога ќе се појави тие се многу неспецифични и врзани главно за дигестивниот и […]