fbpx

Беше извонреден човек: Скопјани тагуваат по Ангела

Денеска згасна животот на нашата Ангела Ангеловска Усовска, директорка на детската градинка „Мајски цвет“.

И јас и општината ќе ја паметиме пред сѐ како извонреден човек, ведра личност и голем работник.

Да не беше Ангела немавме да имаме и толку успеси на полето на детската заштита и предучилишното образование во Карпош. Заедно го отворивме објектот „Јасмин“ во Тафталиџе 2, а минатата година ја реконструиравме и „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1.

Секогаш насмеана, многу креативна и ненаметлива.. Чекор пред времето, како во воведувањето на здраво мени по градинките и современи дидактички материјали, така и во односот со кадарот, родителите, со сите нас.

Ангела, ти благодарам за тоа што ми беше соработник. Чест ми беше што те познавав и што заеднички сработивме многу. Си отиде највредниот „мајски цвет“, но ги повикувам сите вработени во градинките да го продолжат нејзиниот пат, да се грижат за дечињата и условите, како што Ангела тоа го правеше.

Изразувам искрено сочувство до семејството. Загубата е голема.

Ангела зад себе остави резултати за два животи, кои се вредни за целата заедница. Јас лично, но и општината остануваме на располагање на семејството.

Слава ѝ.

Фејсбук-статус на Стефан Богоев, градоначалник на Карпош

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

(ФОТО) Панталоните кои мора да ги имате!

Модата постојано се повторува, а во тоа се уверивме многупати досега Последниот тренд кој се враќа на голема врата се легендарните ѕвонарки. Многу жени ги обожаваат, но има и такви кои не се баш фанови на овој стил. Како и да е, овие панталони малку редизајнирани се апсолутен хит и […]