fbpx

Многу боли, брат: Најдобриот другар на Далибор со потресна посвета

Се’ уште не стивнуваат реакциите по смртта на младиот фудбалер Далибор Ј. Шеснаесетгодишното момче почина за време на натпревар кој се играше на Ада Циганлија пред очите на татка си и на помладиот брат.

Далибор се сруши на теренот, а причината за трагедијата е мозочен удар. Трагедијата се случи на дуелот помеѓу ФК Рад Барајево и ФК 011.

Марјана, мајката на Далибор, сега со новинарите го сподели и писмото кое го напишал Немања, најдобриот другар на нејзиниот син.

„Срцето ми се кине додека ги пишувам овие стихови и знам дека ова не би го напишал никому, но ти не си било кој. Ми беше се’ кога немав ништо, мој пријател, мој брат. Заедно поминавме се’ и навистина не знам како ќе се носам со ова, бидејќи прерано замина. Многу работи би ти кажал, но сега е предоцна. Многу боли, брат, но знам дека ти прв би ми рекол-главата горе! Иако веќе те нема, знам дека секогаш ќе бидеш покрај мене и дека ќе бидеш мојот ангел чувар. Не грижи се, брату, еден ден повторно ќе се сретнеме“, стои напишано во потресната посвета.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Имунолог Јанковиќ: Еве зошто сега и млади умираат од корона!

Д-р Срѓа Јанковиќ зборувајќи за битката со коронавирусот објасни која е причината што сѐ повеќе жрвти на Ковид-19 има и меѓу младите. Тој појасни дека постои ризичен фактор на кој тие можат да бидат изложени, а за кој не се воопшто свесни. Докажаниот имунолог вели дека во најголемиот број случаи […]