fbpx

Неверување и шок: Се огласи Наташа за смртта на поранешниот сопруг

Вистинските љубители на театарската и на филмската уметност во регионот се’ уште се во шок по смртта на 49-годишниот актер Марко Живиќ.

Глумецот кој во 2008 година се бореше со канцер, ја загуби битката со коронавирусот.

Познатата српска водителка Наташа Павловиќ која беше четири години во брак со Живиќ е скршена од болка.

„Марко умре? Извинете, шокирана сум, не можам сега да зборувам“, изјави заштитното лице на шоуто „Практична жена“ за „Ало“.

Наташа и Марко останаа во контакт и по разводот.

„Немам забелешки за мојот емотивен живот. Јас сум задоволен и мирен. Што се однесува до Наташа, неодамна ѝ го честитав раѓањето на второто дете. Ние бевме пријатели додека се забавувавме, а тоа останавме да бидеме и откако се разделивме. Се слушаме повремено за празници, за родендени.. Кога ќе се сретнеме, убаво разговараме. Мислам дека тоа е нормално. Можеби некои други искуства се трауматично, но моето не е такво“, раскажа актерот во една прилика.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неочекуван пресврт: Оваа жена одработувала за Беливук

Триесетдневен притвор доби Дијана Хркаловиќ која денеска беше приведена поради наводна инволвираност во криминалите на Вељко Беливук. Поранешната државна секретарка во Министерството за внатрешни работи се терети дека прикривала докази по убиството на каратистот Властимир Милошевиќ кој беше застрелан на трамвајска пруга во јануари 2019 година. За тоа убиство прво […]