fbpx

Неочекуван пресврт: По Сораја се огласи и газдата на скопскиот локал

По тврдењата на Сораја Вуќелиќ дека минатиот петок на 22 октомври таа и нејзини пријатели биле исфрлени од една скопска кафеана само поради нивната национална припадност, се огласи и газдата на објектот.

Извесен Илија за српски „Телеграф“ ја раскажа неговата верзија на случувањата обвинувајќи ја поранешната плејбој-зајачица дека безобразно лаже.

„Не е точно дека не ги сакаме браќата и сестрите од Србија. Напротив! Таа вечер имаше многу луѓе од вашата земја. Негуваме соработка и мило ни е кога ни доаѓаат гости од сите краеви. Тоа што го изјавила старлетата е небулоза. Јасно е дека нејзината цел е да ја префрли топката, како што и вообичаено прават жени од нејзин ранг“, објаснува сопственикот на локалот.

Вели дека кај нив нема непосакувани гости, но дека некои кодекси на однесување мора да се знаат.

„Најкултурно ја замоливме да го напушти локалот поради недолично однесување. Впрочем, на видеото се гледа дека келнерот им приоѓа и ги замолува да ја напуштат кафаната“, вели Илија.

За немилиот настан проговорија и од обезбедувањето на објектот.

„Сме имале разни случаи, но такво однесување од една жена досега не сме виделе. На социјалните мрежи се расфрла со некакво богатство, а потоа во кафеана не сака да си ја плати сметката. Се фали дека е позната, а однесувањето ѝ е никакво“, велат тие за „Курир“.

Сораја која тврди дека не се случило ништо од наведеното, најави дека ќе го тужи скопскиот бизнисмен за клевета.

Нејзината вистина за петочната вечер во македонската метропола прочитајте ја ОВДЕ!

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

(ФОТО) Торта со пиво: Митко Јанчев наполни 40!

Забава во кругот на семејството, тортата уникатна Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, го прослави јубилејниот 40-ти роденден. Тој објави неколку фотографии со сопругата и со нивните три малолетни деца, Никола, Стојанче и Мила. Дополнително внимание привлече славеничката торта со впечатлива декорација. „Голема благодарност за сите упатени роденденски честитки“, напиша Јанчев на […]