fbpx

Скандал во Скопје: Сораја исфрлена од кафеана, еве што точно се случило!

Вуќелиќ вели дека првпат се соочила со вакво нешто

Познатиот српски модел, ескорт-дама и поранешна плејбој-зајачица, Сораја Вуќелиќ, конечно се огласи по написите дека минатиот петок на 22 октомври таа и нејзиниот партнер биле исфрлени од една скопска кафеана.

Една од најекспонираните таканаречени старлети во регионот тврди дека не се случило ништо од наведеното.

„Бев во друштво на пријатели од Србија, а не со моето момче. Сопственикот на објектот ни пријде да не’ услужи, но кога сфати од каде сме изговори нешто многу непријатно, дека Србите не се добредојдени во неговиот локал каде сите се Албанци“, објаснува Сораја.

Кога го слушнала тоа, Вуќелиќ мирно го напуштила местото.

„Не сакам да седам онаму каде што моето друштво не е добредојдено, а најмалку сакам националистички испади. Постојано патувам по светот и никогаш не сум слушнала, ниту пак доживеала вакво нешто. Веднаш побаравме сметка и најнормално заминавме. Така всушност и настана спорното видео кое се врти по социјалните мрежи, а останатото е бујна фантазија“, завршува таа.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Нова трагедија: Естрадата завиена во црно

Почина Влатка Гракалиќ, поранешната пејачка на „Сребрени крила“, јавија хрватските медиуми. Тажната вест за „Вечерњи лист“ ја потврди и нејзината сестра Маја. „Да, за жал, Влатка почина во неделата во Норвешка на 48-годишна возраст. Ќе ја испратиме тивко во кругот на семејството. Бараме мир и разбирање во овие најтешки моменти“, […]