fbpx

Заедно верувавме: Арсовска проговори за сопругот

Мојот син и мојот сопруг се мојата среќа, мојот дом и мојата поддршка, порача таа

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, постизборно сподели фотографија со сопругот Ангел.

„Во септември со храброст и одлучност знаевме дека заедно можеме наспроти сите неправди. Знаевме и дека оваа слика ќе биде спомен дека заедно верувавме во успех уште од првиот ден. Убедливо победивме. Убав ден Скопје, убав ден Македонијо“, напиша Арсовска под фотографијата.

За време на кампањата, таа си ја отвори душата и проговори за семејната драма, за борбата со ракот и за битката за животот на синот.

Во таа прилика нагласи дека не сака да слуша изговори дека нешто не може да се направи.

„Пред се’ сум семејна личност. Мојот син и мојот сопруг се мојата среќа, мојот дом и мојата поддршка. Сме поминале и добри денови но и тешки времиња во борба за добро здравје и во борба за живот, а тоа нè прави уште посилни. Велат дека сум борец. А јас велам, во животот секој се соочува со свои битки што треба да се добијат“, порача таа.

Фото: Фејсбук

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ова е страшно: Трогателни зборови по смртта на Маринко Роквиќ

По тешко боледување, на 67-годишна возраст почина пејачот Маринко Роквиќ. Тажната вест ја потврди и неговиот син, исто толку популарниот Никола Роквиќ. „Ве молам, имајте разбирање. Ќе се слушнеме подоцна. Точно е дека почина. Ви благодарам што се јавивте и изразивте сочуство, сега не можам да зборувам“, изјави тој за […]