fbpx

Крајот може да биде многу лош: Трифун Костовски за другарот антиваксер

Почитувани,

Овој текст го пишувам со намера да ја споделам со вас мојата дилема околу нашата натамошна социјализација во секојдневието. Не фати петтиот бран на Ковид-19, бројките од испитувањата кои се прават секојдневно укажуваат еден нагорен тренд на новозаболени и починати, посебно од пациенти кои немаат примено ниту една вакцина.

Знам дека има и новозаболени, па дури и починати со примени две вакцини, меѓутоа процентуално ваквите случаи се маргинални. Ја почитувам волјата на поединецот да се одлучи дали ќе се вакцинира.

Поентата на овој текст е дека и јас со две примени вакцини и мојот пријател којшто воопшто нема примено вакцина и натаму комуницираме, разговараме, играме фудбал, тенис, шах. Во нашето секојдневно дружење не сум сигурен дека мојот другар ќе успеам да го заштитам од можноста да му пренесам вирус. Шансите од можното мое пренесување на Ковид-19, кај мојот другар се реални, меѓутоа епилогот може да биде многу лош токму по него. Јас со две примени вакцини би се справил со овој вирус многу полесно, а за него не сум сигурен. Дилемата е, кај кого е вината, во мене или во мојот другар, пријател, роднина.

Јас се вакцинирав следејќи ги упатствата на најстручните луѓе во светот кои денеска се исклучиво посветени во изнаоѓање решение за справување со овој опасен вирус. Мојот другар е антиваксер.

Почитувани, целта на оваа моја дилема е да упатам порака дека и ние вакцинираните ќе имаме грижа на совест доколку бидеме причина за заболување на некој наш близок кој од нему познати причини не сака да прими вакцина.

Сакаме да се дружиме, меѓутоа дружбите меѓу вакцинираните и невакцинираните може да бидат опасни по живот.

Затоа размислете како да си го направиме животот по безбеден и да успееме до некаде да си ги вратиме старите навики на комуницирање и дружење.

Фејсбук-статус на Трифун Костовски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Василиј доби нова борба, една од најтешките: Симона за своето предвремено родено бебе

Светскиот ден на предвремено родените деца (17 ноември) се одбележува во повеќе од 60 земји, уште од 2011 година. Целта е да се подигне јавната свест за овој алармантен проблем што честопати се потценува, давајќи им глас на семејствата на младите пациенти кои се борат со животот. На оваа тема во […]