Семејна трагедија каква што не се памети
Анастасија (19) и Анабела (15) Горановиќ се сестрите кои денеска во Сомбор ги уби нивниот татко Здравко.
Анастасија работела како шминкерка, додека четири години помладата Анабела годинава само што тргнала во средно училиште.
Според првичните информации, Здравко прво ја заклалал сопругата Мира. Потоа ја запалил куќата, а во пожарот настрадале неговите ќерки. На крај, самиот си пресудил.
До пред само неколку дена Здравко бил во затвор каде што издржувал казна поради семејно насилство. Денеска дошол дома и го сторил монструозното злосторство кое го пријавило неговиот син.
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.