Целиот свој тренерски стаж го помина работејќи со сите генерации на Вардар
Пред пет месеци почина Јован Трпев, популарниот Ванчо Трпевски како што го знаеја сите, првиот човек во стручниот штаб на Вардар во натпреварувачката 1993/94 година.
Беше слектор-тренер на пионерската, јуниорската и сениорската репрезентација на Македонија во поранешна СФРЈ, а по осамостојувањето беше селектор на јуниорската и младата репрезентација (до 21 година) на Македонија.
Трпев е татко на познатата пејачка и професорка по соло-пеење Искра Трпева Арсовска.
Таа тогаш со трогателна посвета се прости од него на социјалните мрежи.
„Татко, каква големина од човек беше ти. Кои зборови да ги кажам, да ја опишат твојата добрина, професионализам, а пред се’ зборот родител. Дел од мојата душа и срце отиде со тебе. Ти благодариме што беше наш татко. Патувај со ангелите, тебе само таму ти е местото. Те сакаме многу. Ти тоа го знаеш. Почивај во мир, татичко“, напиша таа означувајќи го во објавата и нејзиниот брат Гоги.
Фото: Фејсбук
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.