fbpx

Загуба за македонската естрада: Почина Ристевски

Тажна вест

На 60-годишна возраст во Битола почина поранешниот новинар и фоторепортер Лазо Ристевски, јавува „Битола њуз“.

Работеше за весниците “Вечер“, “Скок“, “Битолски весник“, “Дело“, а најмногу за весниците, неделникот “Денес“ и “Македонија Денес“, како и за “Вест“, “Екран“..

Беше новинар и фотограф на македонската естрада, а работеше и за издавачките куќи во Македонија, а посебно беше ангажиран во поранешната издавачката куќа “Везилка“ од Битола.

Ристевски беше роден во Мало Илино, живееше во Скопје и Битола, а за него може слободно да се каже дека еден од првите фоторепортери во Македонија, пишува истиот портал.

Погребот се одржа во Светонеделските гробишта во Битола.

Следни Објави

Загубивме голем син и брат: Македонија тагува по Ангелевски

Македонија тагува На 48-годишна возраст ненадејно почина Ивица Ангелевски Калап, пасиониран моторџија и голем патриот. Тажната вест ја потврдија и од Светскиот македонски конгрес, а причината за смртта е инфаркт. „Денес Прилеп и Македонија и сите ните патриоти загубивме голем син и брат, секогаш со здраво расудување, бистар ум и […]