fbpx

Цело семејство се заразивме со омикрон, сите ги имавме овие почетни симптоми

Исповед

Целото семејство на Гордана Б. се заразило со новиот сој на коронавирусот за Нова година.

Прво се разболела ќерка ѝ, а потоа сопругот, па свекорот. Првиот симптом кај сите бил ист – болка во грлото.

„Прво ќерката се пожали на гребење на грлото кога се врати од Сплит. Мислевме дека е настинка додека не качи температура. Потоа и мене почна да ме боли грлото, па на сопругот и на крај на свекорот. Траеше два-три дена. Другите симптоми не ни беа исти. Јас поминав најлошо, со малаксеност и со болка во долниот дел на грбот, а на сопругот и на ќерката им се воспалија синусите“, раскажува 49-годишната Гордана од Шибеник.

Целото семејство било вакцинирано со две дози.

„Не би рекла воопшто дека ова се послаби симптоми. Сите залегнавме неколку дена, а јас се’ уште се чувствувам лошо“, искрена е таа.

Илустрација: ГОВ.УК

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија: Валентина почина од последици на Ковид, имаше само 18 години

Неверување по смртта на младата девојка Познатата бразилска манекенка Валентина Боскардин почина од компликации предизвикани од коронавирусот. Тажната вест ја соопшти нејзината мајка Марсија, телевизиска водителка и поранешен модел. Марсија тврдеше дека нејзината ќерка е комплетно здрава и дека примила две дози од вакцината Фајзер, но минатата недела младата манекенка […]