fbpx

Денес сфаќам дека бил во право: Најемотивната објава на Игор Џамбазов за татка си

На 85-годишна возраст почина Александар Џамбазов, легендарен македонски композитор и диригент.

Беше иницијатор и долгогодишен диригент на „Златно славејче“ и основоположник на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“, а пишуваше и филмска, театарска, хорска, класична и поп музика.

За својата работа доби над 40 награди и признанија меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

Неговиот исто толку славен син, актерот и шоумен Игор Џамбазов, обожаваше да раскажува анегдоти за нив двајца. Во продолжение една од нив..

1981 бев во војска. У Београду. Кога прв пат ми кажаа дека ми дошла посета „из Македоније“, прашав „кој“? А дежурниот на капијата ми рече: „Како ко, па дошо ти брат“. Бидејќи од сигурни извори знаев дека имам сестра, а не брат, бев сигурен дека е некоја грешка. И кога конечно стигнав до капијата, го видов татко ми Џамбаз. Во фармерки, тексас јакна и очила „ленонки“. А дежурниот ми вика: „Брат ти је закон. А како личите, је.о вас пас“. И денес сфаќам да је био у праву..

П.С. Пас нас још није је.о, ама ние се повеќе си личиме..

Фото: Инстаграм/Стефан Рајхл

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Го гледавме во најпопуларните турски серии: Познатиот актер почина на 51 година

Со фотографија направена само неколку недели пред да почине, фановите одбележаа шест месеци од смртта на познатиот турски актер Ayberk Pekcan кој почина на 51 година. Глумеше во бројни телевизиски хит-серии, а публиката најмногу го памети по улогите во „Долина на волците“, „Кога лисјата паѓаат“ и „Ертугрул“, серијата која предизвика […]