fbpx

Како да знаеше: Сопругата на Шаулиќ конечно проговори

Сопругата на Шабан Шаулиќ која на 17 февруари 2019 година ја загуби својата љубов, таткото на своите деца и својата најголема животна поддршка, првпат искрено проговори за трагедијата.

Гоца раскажува дека и денеска чувствува неверојатни болки, вели дека деновите ѝ се многу тешки, а ноќите предолги.

„Секој ден е се’ потежок. Во мојот случај животот застана. А требаше да се посветиме еден на друг и да надополниме се’ што пропуштивме низ годините. Мојот цел живот беше Шабан, 44 години поминав со него, заедно растевме, стареевме, созревавме.. И сега наеднаш сум во вакум и не знам како понатаму“, објаснува таа.

Вдовицата на музичката легенда се присети и на последната средба со Шабан. Како што вели, во сите години заеднички живот, никогаш не се враќал кога тргнувал на пат, дури и кога нешто ќе заборавел. Тој ден се вратил без никаков повод, а се сретнале на влезната врата од семејниот дом. Ја бакнал и ја прегрнал, како да претчувствувал дека тоа ќе биде и нивното последно видување, а Гоца таа прегратка и денеска не може да ја заборави.

По смртта на Шабан, медиумите почнаа да пишуваат и помалку убави работи за него, но таа никогаш не се огласи нешто да демантира.

„Ми беше важно мислењето на блиските луѓе кои останаа со нас, а многу се изгубија. Може така и требало да биде, можеби и никогаш не им било местото меѓу нас“, вели Гоца.

Фото: Пинк

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ковид-голгота со двегодишната ќерка: Мајка сведочи за хоророт во Козле

Сакам да ја споделам голготата што мојата 2-годишна ќерка ја пројде поради короната, пред сè, затоа што можеби ќе помогне некому, па нема да завршите со пневмонија и цитокинска бура додека докторите ве убедуваат дека не ви е ништо. Имено, пред три недели моја Лулу разви температура. Ден потоа развив […]