fbpx

Почивај во мир Томи: Нова трагедија ја потресе Македонија

Ненадејно почина Томислав, еден од најверните навивачи на „Чкембари“, меѓу пријателите познат како Томи Босанец.

„Со огромно неверување и болка ја дочекуваме веста за смртта на нашиот пријател Томислав. Навивач од старата шокла, врвно едуциран и добар пријател. Томислав беше голем поддржувач на нашата страница и многу помогна во развојот на истата. Имавме замислено многу проекти заеднички да ги реализираме. Со часови знаевме да разговараме на разни навивачки теми, да навлегуваме до најситните детали како што тој милуваше да каже ТИФОЛОГИЈА. Почивај во мир. Се гледаме некогаш горе таму на небото во некој небески ултра кафани“, стои во објавата на „Фејсбук“.

УШТЕ ЕДНА ТАЖНА ВЕСТ: Престана да чука големо срце: Неверување по смртта на Валентина Јовановска

Оние што го познаваа го опишуваат како еден од навивачки наједуцираните момци на „Чкембари“, „виновникот“ за многу нивни транспаренти и бајраци,.

„Ненаметлив по природа, а фанатик во душа“, велат тие.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Престана да чука големо срце: Неверување по смртта на Валентина Јовановска

Почина медицинската сестра Валентина Јовановска. Тажната вест ја потврдија од Национално Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки од каде со емотивна порака се простија од својата колешка. УШТЕ ЕДНА ТАЖНА ВЕСТ: Почивај во мир Томи: Нова трагедија ја потресе Македонија „Денес престана да чука Големото срце на нашата драга […]