Почина осумгодишната Теодора Радојковиќ, девојчето со препознатлива насмевка кое го обедини регионот на социјалните мрежи.
Тажната вест ја потврдија и од фондацијата „Биди хуман“.
Теодора имаше малиген тумор на мозочното стебло и хидроцефалија. За нејзиното лекување масовно се собираа средства, но болеста беше побрза и посилна.
Родена е на 22 јуни 2014 година во Белград. Нејзините родители се по потеколо од Косово и Метохија. Со своите родители и со помалиот брат живееше во Стара Пазова.
На „Фејсбук“ е објавена нејзина фотографија со емотивните зборови: „Уште еден ангел одлета меѓу ангелите“.
Фото: Принтскрин/Биди хуман
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО