fbpx

Уште еден живот прерано згасна: Ненадејно почина Николовски

Ненадејно почина полковник Блаже Николовски, поранешен командант на тетовската касарна „Кузман Јосифовски – Питу“, информира порталот „Тетово инфо“.

„Во текот на неговата богата војничка кариера, извршува бројни командни и штабни должности, во повеќе гарнизони на Армијата. Командир на вод е во 3.механизирана-пешадиска бригада и командир на караулите „Пелинце“ и караулата „Сопот“ во граничната бригада каде што ја продолжува својата кариера како, командир на гранична чета. По завршувањето на постдипломските студии за командни и штабни должности во Истанбул, Република Турција, поставен е на должноста заменик командант баталјонот во Тетово, а потоа и на баталјонот во Охрид“, информираа од Армијата.

На социјалните мрежи се простуваат од Николовски.

„Беше чест да се соработува со тебе команданте! Секогаш на браникот на татковината, за нашата Македонија! Твоите дела вечно ќе се паметат во Тетово! Почивај во мир пријателе!“, стои во една од посветите.

УШТЕ ЕДНА ТАЖНА ВЕСТ: Прерано друже: Скопјани се простуваат од Виктор

Полковник Блаже Николовски е роден 1971 година во Скопје, каде што завршува основно и средно образование. Во 1993 година дипломира на Воената Академија на ВВ и ПВО во Рајловац, Босна и Херцеговина. Военото образование го надградува во периодот 2003-2005 година со постдипломски студии за командни и штабни должности во Истанбул, Република Турција, а во 2019 година, дипломира на Школата за национална одбрана на вооружените сили на Република Турција, исто така во Истанбул, Република Турција.

Следни Објави

Познатиот актер загина бранејќи ја Украина: Пред да почине го направи ОВА!

За време на гранатирањето на украинскиот град Ирпин во неделата загина познатиот актер и водител Павло Ли, познат како Паша. Тој доброволно ѝ се приклучи на армијата бранејќи го својот град, информираа тамошните медиуми. Роден на Крим, 33-годишниот Ли живееше и работеше во Ирпин, град кој се наоѓа западно од […]