fbpx

Тажен ден: Почина познатиот македонски диџеј

Уште еден живот прерано згасна

Тажна вест денеска беше споделена на фејсбук-страницата на порталот „Бабам Битола“.

„Од денес Битола ќе си има диџеј кој на сите ќе ни пушта музика директно од рајот. Почивај во мир Чипурче. Телото утре во 10 часот ќе биде изложено во капелата на Св. Димитрија. Погребот ќе биде во 12 ч., Св. Недела“, стои во објавата.

Од диџејот се прости и авторот Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон.

„Битола изгуби уште една легенда, саундракот на многу младости и поубави времиња, ритамот на корзото и забавите шо знаеа да разденат. Човек кој даваше музика на многу ноќи и викенди. Битола ќе биде многу потивка.. Нека почива во мир и сочувство до семејството“, напиша тој.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тешко се опоравува: Македонската инфлуенсерка повторно во болница

Се молиме за неа Александра Шијакоска (29), една од најпознатите македонски модни инфлуенсерки, повторно е хоспитализирана. По операцијата на тумор на мозокот, таа им се обрати на своите илјадници следбеници на „Инстаграм“ признавајќи дека опоравувањето не оди по планот и дека повторно е во болница. „Многу ми е тешко да […]