fbpx

Потресна сцена: Се огласи Љубица за починатата мајка

Легендарната југословенска пејачка Мерима Његомир почина лани на 21 ноември на 69 години. Нејзиното семејство се’ уште не може да се опорави од загубата. Како што вели нејзината ќерка Љубица Његомир Живиќ, како поминува времето болката е уште поголема.

Љубица повторно се огласи на социјалните мрежи, овојпат потсетувајќи се на моментите кога последен пат лежела покрај мајка си.

„Мамо, денеска се навршија точно пет месеци од она утро кога последен пат лежев покрај тебе, кога те прегрнав и бакнав. Ми недостигаш, мамичке, толку многу што не можеш ниту да замислиш. Се’ е поинакво и некомплетно. Те сакам, мила моја“, напиша таа.

Неколку месеци пред да почине, во своето последно обраќање во медиумите, Мерима Његомир отворено раскажа со какви се’ предизвици се соочува.

„Се борам со тешка болест. Со голем тим на лекари и експерти се надевам дека ќе ја добијам оваа битка. Многумина се изборија, се надевам дека ќе успеам и јас. Се обидувам позитивно да размислувам. Тука се моите деца и пријателите кои ми даваат максимална поддршка. Што друго да ви кажам.. Се разболев како и милиони други луѓе на светот, па ете, меѓу нив требало да бидам и јас“, раскажа таа.

Фото: Стефан Стојановиќ/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Утре ќе те погребаме, прости за нашата себичност: Семејството скршено од болка

По кратко боледување, на 38 години почина славниот моден креатор Квитерија Кекана. Тажната вест ја потврдија членови на неговото семејство. „Утре ќе те погребаме, прости за нашата себичност“, напиша на „Твитер“ близок роднина на починатиот. На Кекана кој важеше и за модна икона минатата година му беше дијагностициран редок рак […]