fbpx

Тага! Почина познатата актерка на 48 години, ја загуби битката со ракот

Џосара Џинаро, ѕвездата од хит-серијата „Ургентен центар“ пред два месеца почина на 48-годишна возраст.

Познатата актерка, режисерка и продуцентка ја загуби битката со ракот, а сега се огласи и нејзиниот сопруг Мет Богад.

„Храбро се бореше со ракот. Беше неверојатна жена, мајка, уметница и пријателка. Имаше најубава душа и не прифаќаше НЕ за одговор. Дури и во последните моменти, се’ уште се бореше. Таа сега почива во мир и засекогаш ќе ја паметиме. Многу ќе ни недостига, иако знам дека е во нашите срца и дека ќе не’ следи на секој чекор“, стои во емотивната посвета.

Џинаро имаше долгогодишна кариера во Холивуд играјќи во повеќе филмови и хит-серии. Родена е во Рио де Жанеиро, а пораснала во Колумбија како посвоена ќерка на дипломати. Кога нејзиниот очув бил киднапиран, семејството се преселило во САД.

На свои 16 години заминала во Чикаго каде потпишала договор со својот прв агент. Талентот веднаш бил препознаен, па бргу се преселила во Лос Анџелес каде ја добила својата прва позабележителна улога во популарниот ситком „Вива Вегас“.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Нова трагедија: Македонската естрада се простува од Зорица

На 52-годишна возраст почина Зорица Велковска, една од ретките жени хармоникаши во земјава, информира „Фокус“. Колегите од естрадата со неверување ја примија тажната вест, а меѓу првите се огласи пејачката Ани Малинкова која со Велковска другарувала уште од детските денови и која ја откри причината за смртта. „И се слошило […]