fbpx

Се огласи таткото на Матеј Периш: Нешто неочекувано се случи

По пет месеци трагично заврши потрагата по 27-годишниот Матеј Периш откако неодамна конечно беше пронајдено неговото тело.

„Матеј ја заврши својата приказна на оваа земја. Матеј е тука со мене и секогаш ќе биде. Да, пет месеци подоцна“, им изјави на новинарите Ненад Периш пред да го погреба синот.

Таткото на момчето од Сплит кое исчезна во Белград во очи на новогодишната ноќ неодамна откри дека додека престојувал во Белград имал необична средба која никогаш нема да ја заборави.

„Пред некој ден се шетав по кеј, кога еден постар човек помина покрај мене. Се погледнавме, јас не сфатив дека ме препозна и продолживме да пешачиме во круг. Кога повторно ни се вкрстија погледите ме праша: „Дали сте вие Ненад?“, на што потврдно му одговорив. Па, продолжи: „Не знам што би ви кажал, но ако смеам нешто би ви подарил“.. Во истиот миг извади една чоколада. И што да кажам сега на ова? Тој ми го подари целиот свет. Тоа беа сите емоции кои можеше да ми ги даде во тие моменти. Сите сме луѓе, само понекогаш тоа го забораваме. Не сме ние криви, се случува, но треба да живееме со полни гради, да ги сакаме луѓето, да бидеме искрени, затоа што животот е убав“, низ солзи раскажа тој.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

По смртта на ќерка си, Јулија живее за внуката: За нашиот ангел небесен (ФОТО)

Единствена утеха за Јулија Мациевска откако неодамна нејзината ќерка ја загуби битката со ракот е внуката Стефанија. Познатата македонска пејачка, водителка и мотивациски тренер неодамна со една објава на социјалните мрежи ги расплака сите. „На даските што живот значат-Театар Комедија, моето сонце Стефанија блескаше во улогата на Нина, величествена како […]