fbpx

Неочекувана средба: Таткото на Матеј низ солзи откри сè

Многу солзи и помешани емоции

Ненад Периш, таткото на 27-годишниот Матеј, неодамна проговори за една необична средба којашто му се случила додека престојувал во Белград.

„Се шетав по кеј кога еден постар човек помина покрај мене. Се погледнавме, јас не сфатив дека ме препозна и продолживме да пешачиме во круг. Кога повторно ни се вкрстија погледите ме праша: „Дали сте вие Ненад?“, на што потврдно му одговорив. Па, продолжи: „Не знам што би ви кажал, но ако смеам нешто би ви подарил“.. Во истиот миг извади една чоколада. И што да кажам сега на ова? Тој ми го подари целиот свет. Тоа беа сите емоции кои можеше да ми ги даде во тие моменти. Сите сме луѓе, само понекогаш тоа го забораваме. Не сме ние криви, се случува, но треба да живееме со полни гради, да ги сакаме луѓето, да бидеме искрени, затоа што животот е убав“, низ солзи раскажа Ненад.

Телото на Матеј кој пред цели пет месеци исчезна во Белград, оваа недела конечно беше пронајдено.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Потресни сцени: Почна погребот на Матеј Периш

Плаче цел регион по несреќното момче На гробиштата Ловринац во неговиот роден Сплит, почна погребот на Матеј Периш. Во моментов телото е изложено во капелата. Семејството се собра да го испрати на вечното почивалиште 27-годишното момче по чие тело се трагаше речиси пет месеци. На гробиштата пристигна татко му Ненад, […]