Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на поп-ѕвездата Емина Јаховиќ, конечно се ожени со две децении помладата избраничка Мелис Сутшуруп.
На вечна љубов се заколнаа во Вечниот град, а венчавката се одржала во турската амбасада во Рим.
Популарниот турски пејач сподели и фотографии од настанот и мора да признаеме дека невестата изгледа одлично, иако се одлучила за некласична венчаница.
Српските медиуми информираат дека двојката договорила и гала-настан во Мармарис на која ќе присуствуваат околу осумдесет гости. Свадбената прослава наводно ќе трае дури три дена и ќе биде поделена на тематски вечери. Првата ноќ е предвидена за „грчка музика“, за следниот ден е најавена венчавка во една од градините на ресортот каде што ќе бидат сместени сватовите, а забавата ќе финишира со опуштена вечера на плажа.
Во продолжение погледнете и како изгледаше венчавката на Мустафа и Емина за која се шпекулираше дека чинела повеќе од пола милион евра.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО