fbpx

Рана која пече: Огромна тага позади насмевката на славната актерка

Со ликот на Габриела привлече огромно внимание кога првпат на екраните беше емитувана необичната американска серија „Очајни домаќинки“. Ева Лонгорија преку ноќ стана голема ѕвезда и една од најангажираните латино-ѕвезди во Холивуд.

Сепак, позади нејзината препознатлива насмевка со години ја криеше од фановите болната вистина. И покрај многуте предизвици, остана силна.

Ева има сестра со која многу е поврзана, а која е родена со ментално нарушување. Јавноста овој податок не го знаеше се’ до моментот кога славната актерка одлучи да си ја отвори душата во едно интервју.

„Отсекогаш сум се грижела за неа. Имаше денови кога плачев без прекин и постојано се прашував со што јас ова сум го заслужила. Тоа е рана која ме пече со години“, изјави Лонгорија која во тој период основа и фондација која се грижи за деца со попреченост.

Пред да стане актерка, Ева мечтаела да биде манекенка, но поради висината од само 157 сантиметри не постигна голем успех. Токму кастингот за „Очајни домаќинки“ во 2004 година ѝ го промени животот. Одлично се покажа и во филмот The Sentinel со кој дебитираше на големото платно.

Турбулентни периоди имаше и во љубовта, се’ додека не го запозна Тајлер Кристофер со кого има и дете.

Во оваа врска влезе после два пропаднати брака, со кошаркарот Тони Паркер и со мексиканскиот бизнисмен Хозе Бастон.

Кога конечно помисли дека си го средила животот, следуваа лоши вести. Во 2017 година лекарите констатираа дека нејзината сестра боледува од рак.

„Мојата сестра Елизабет има рак на дојка. Како животот да не ѝ беше доволно тежок. Среќа, болеста ѝ ја открија во рана фаза, имавме среќа. Во тој период почнав сериозно да ја проучувам оваа болест и сфатив колку е сериозна и колку се неопходни навремените контроли“, изјави Лонгорија за магазинот „Пипл“.

Фото: Профимедија/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ова дете секое утро се буди во плач со неиздржлива болка: Габриела ги крена родителите на нозе

Здраво на сите. Многу сум револтирана и гневна. Сакам што поголем број луѓе да слушнат за овој проблем, сакам да се сплотиме и со заедничка сила да се избориме за животот на една група луѓе кои боледуваат од ЈУВЕНИЛЕН АРТРИТИС (за кои веќе 2 месеци нема соодветна терапија). Во овој […]