fbpx

Спектакл во Охрид: Сѐ е подготвено за венчавката на Ебру и Џеди

Ѕвездата на турската хит-серија „Невозможна љубов“, актерката Ебру Шахин утре ќе се венча на брод во Охрид со НБА-ѕвездата со македонско потекло Џеди Осман.

Нашиот туристички бисер е родниот град на популарниот кошаркар. Тој е роден во Македонија во 1995 година, а потоа со семејството се преселил во Турција. Игра за Кливленд, а неговото богатство се проценува на над 50 милиони долари.

Венчавката во Охрид ќе биде интимен настан на кој се поканети само најблиските роднини и пријатели на двојката.

Турските медиуми пишуваат дека Ебру и Џеди планираат и голема свадбена веселба на плажа во Чешме каде што и се запознале.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

(ФОТО) Митко Јанчев со оригинална забава

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев (40), направи оригинална забава за петтиот роденден на својата ќерка. Семејството и гостите славеа во уникатен амбиент инспириран од „Тик Ток“, една од најпопуларните социјални мрежи во моментов кај младите. „Среќен 5-ти роденден Мила, чекори безгрижно низ детството“, напиша Јанчев на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“. Фото: […]