fbpx

Вонредна прогноза на Славчо Поповски: Следува екстремно топол бран, ова се деталите

Пред нас е голема суша. Затоа внимавајте на природата за да не дојде до евентуална појава на пожари и секако избегнувајте движење на отворено, им порача метеорологот Славчо Поповски на своите следбеници на социјалните мрежи.

Тој нагласува дека Македонија ќе ја зафати екстремно топол бран со исклучително висок УВ-индекс.

„Според последните анализи кои ги направивме, податоците укажуваат на тоа дека екстремно топлиот бран кој го најавивме за од четврток па натаму и тоа како ќе ја зафати нашата држава и ќе услови екстремно високи температури на воздухот, но и екстремно висок УВ-индекс со коефициент 10“, пишува Поповски.

Според временската прогноза, температурите од четврток насекаде ќе се искачат над 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели се очекуваат и над 40 степени. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Следни Објави

Естрадата во шок, се самоуби Бојана: Таткото на познатата манекенка со трогателна порака

Како бомба денеска одекна информацијата дека на 28-годишна возраст починала популарната манекенка Бојана Шарац. Според неофицијални информации, несреќната девојка извршила самоубиство, а луѓе од нејзиното најблиско опкружување велат дека никој не претчувствувал таква трагедија. Смртта на Бојана ја потврди и нејзиниот татко Младен. „Си замина мојата ќерка. Бог ми ја […]