fbpx

Пресврт по смртта на Кристина: Мајка ѝ со шокантни тврдења, една работа предизвикува сомнеж

Смртта на познатата инфлуенсерка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ која на крајот на минатата година беше пронајдена мртва во својот стан и официјално се води како самоубиство.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека по деталните проверки е утврдено дека нема простор за поднесување на кривична постапка против било кого во врска со околностите под кои настапила смртта на Ѓукиќ.

Обвинителството, меѓу другото, го земало в предвид записникот од обдукцијата во кој како причина за смртта е наведено комбинирано труење со екстази и бромазепам. В предвид се земени и прошталните пораки, но и фактот што Кика и претходно во два наврати се обидела да си го одземе животот.

Нејзината мајка не ги прифаќа ваквите сознанија и тврди дека нејзиното чедо е убиено.

„Таа беше последното дете кое би се убило, па уште и на мојот роденден. Тврдам дека Кика е убиена“, вели Наташа скршена од болка.

Таа за „Објектив“ раскажува дека нејзината ќерка била дрско манипулирана на љубовен план. Вели дека останала без татко кога имала само две години и секогаш била желна за емоции и за внимание. Сепак, не може да поверува дека би се убила на мајчиниот роденден.

Тажно: Кристина рано остана без татко, оваа голема желба не ѝ се исполни

Таа проговори и како Кристина завршила на лекување во Клиниката за психијатриски болести по нејзиниот обид да скокне од Бранков мост. Објаснува дека ќерка ѝ два часа стоела на критичното место наводно помислувајќи на најлошото, но всушнст го чекала нејзиното момче.

И ден денес не ѝ е јасно зошто тогаш ја хоспитализирале. Превентивно ја задржале наредните пет дена. Тврди дека Кристина не користела екстази, сметала дека вотка-џус е подобра варијанта од било какви таблети. Понекогаш мешала цигари со канабис, но тоа е се’. Од лекарства зимала бенседин кои ѝ бил препишан по „епизодата со Бака Прасе“.

Кристина која на „Инстаграм“ ја следеа повеќе од 350.000 луѓе, последните години отворено се бореше со осудувања и критики. На 25 јули ќе наполнеше 22 години.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија! Познатиот пејач почина на 41 година! Го знаете сите

Нова трагедија го потресе музичкиот свет Нолан Нил, човекот кој ги освои симпатиите во America`s Got Talent почина на 41-годишна возраст, информираат американските медиуми. Пред две години во популарното шоу беше поздравен со овации, откако храбро ја сподели својата тешка животна приказна и проговори за самоубиството на татка си. Песната […]