fbpx

Трагедија! Познатиот пејач почина на 41 година! Го знаете сите

Нова трагедија го потресе музичкиот свет

Нолан Нил, човекот кој ги освои симпатиите во America`s Got Talent почина на 41-годишна возраст, информираат американските медиуми.

Пред две години во популарното шоу беше поздравен со овации, откако храбро ја сподели својата тешка животна приказна и проговори за самоубиството на татка си.

Песната Lost со која се проби на овој подиум самиот ја напиша, инспирирана од неговата „маратонска битка со алкохолот и дрогата“.

Нил претходно имаше забележително учество и во шоуто The Voice. На аудицијата го изведе хитот Tiny Dancer од Елтон Џон и стигна до финалето.

„Срцето ни е скршено поради смртта на Нолан. Неговиот неверојатен талент засекогаш ќе го паметиме. Наше најискрено сочуство до семејството и пријателите“, напишаа продуцентите на шоуто на социјалните медиуми.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Моето девојче: Дарио ја омажи ќерката, венчаницата остава без здив (ФОТО)

Легендарниот македонски пејач и автор Дарио Панковски се пофали на „Фејсбук“ дека ја омажил ќерката Андреа. „Моето девојче“, напиша гордиот татко под фотографиите кои ги објави. Андреа и нејзиниот избраник Тео се одлучиле за интимна церемонија покрај Охридското езеро. Сите се воодушевени од фустанот на невестата и имаат само пофални […]