fbpx

Естрадата во шок: Почина омилениот пејач, имаше само 41 година

Почина ѕвездата од „Поп Ајдол“, 41-годишниот Даријус Кембел Данеш, соопшти неговото семејство.

Популарниот пејач и актер е пронајден без знаци на живот во неговиот апартман во Минестоа, пишуваат американските медиуми.

Даријус кој на музичката јавност ѝ е најпознат по својот деби-сингл Colourblind со кој се искачи директно на врвот на британската сингл-листа, паралелно градеше и успешна театарска кариера во Чикаго настапувајќи во повеќе хит-претстави и мјузикли.

Во 2011 година се ожени со канадската актерка Наташа Хенстриџ, но бракот бргу им пропадна.

Иако се прослави како Даријус Данеш, подоцна го промени презимето во Кембел, моминското презиме на неговата мајка за да го истакне своето шкотско потекло.

Даријус успеа да се пробие и на холивудската сцена како ко-продуцент на филмот „Империум“ во кој главната улога ја толкува Данијел Редклиф.

Фото: Принтскрин Јутјуб

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Утре е ден кога се случуваат чуда: Еве зошто!

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат овие светители: Светите седуммина младенци во Ефес Во времето на царот Декиј имаше големо гонење на христијаните. Самиот цар дојде во Ефес и овде приреди гиздаво и бучно празнување на мртвите идоли, но и страшен колеж на христијаните. Седуммина момчиња, војници, се воздржаа […]