fbpx

Нивната љубов влезе во историја: Со еден потег кралицата Елизабета им го промени животот

Принцот Филип и кралицата Елизабета Втора беа во брак неверојатни 73 години. Тоа е најдолгиот брак во историјата на британското кралско семејство.

Елизабета имала 13 години кога го запознала Филип, тогаш 18-годишен морнар. Се венчале осум години подоцна.

Поради се’ уште свежите сеќавања на војната и силната одбивност кон Германците, неколку роднини на принцот Филип, вклучувајќи ги и неговите три сестри, не биле поканети на венчавката.

Од тој момент, Филип комплетно ѝ се посветува на Елизабета и на животот во Палатата. Ја нарекува Лилибет. Под тој прекар и ја запознава. Кралицата му ја доделува титулата принц на Обединетото Кралство во 1957 година.

Почина кралицата Елизабета: Неверства и сериозни скандали, ова беа нејзините најголеми тајни

Неговата посветеност и подготвеноста да остане во сенка на сопругата уште тогаш била сосема јасна. Неговиот приватен секретар, Мајкл Паркер, подоцна ја открива реченицата која зборува се’ за нивниот брак.

„Уште првиот ден кога ми го понуди работното место ми кажа дека неговата прва, втора и последна должност е никогаш да не ја изневери неа“, изјави тој.

Принцот Филип на одбележувањето на јубилејот „златна свадба“ во 1997 година порача дека толеранцијата е суштинската работа во секој брак.

„Мислам дека преку мојот пример можете да видите дека кралицата има толеранција во изобилство“, се пошегува тој.

Филип и Елизабета заедно имаа четири деца, осум внуци и осум правнуци.

Фото: Инстаграм/theroyalfamily

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Трагедија! Македонија тагува, тешка несреќа се случи

Единаесетгодишно момче од Скопје синоќа починало на КАРИЛ, информира порталот „МКД.мк“. Станува збор за тешко повреденото дете кое беше хоспитализирано на 14 август откако на фудбалски терен во Кавадарци врз него падна пречка од гол. Од МВР тогаш информираа дека малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс […]