fbpx

Трагедија! Македонија тагува, тешка несреќа се случи

Единаесетгодишно момче од Скопје синоќа починало на КАРИЛ, информира порталот „МКД.мк“.

Станува збор за тешко повреденото дете кое беше хоспитализирано на 14 август откако на фудбалски терен во Кавадарци врз него падна пречка од гол.

Од МВР тогаш информираа дека малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје, а на местото на несреќата беше извршен увид од страна на увидна екипа од Кавадарци.

Лекарите речиси цел месец се бореа за животот на момчето.

Во меѓувреме е поведена и истрага која треба да покаже како точно се случила трагедијата.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Следни Објави

Си замина од Канал 5: Дебарлиева пресече, важна одлука на омилената презентерка

Билјана Дебарлиева нема да ја гледаме повеќе на Канал 5. Омилената македонска презентерка и водителка навистина ја изненади јавноста со оваа нејзина професионална одлука. „Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години. Ви благодарам за досегашната соработка, […]