fbpx

Лепа Брена скршена од болка: Многу сум потресена..

На 81-годишна возраст почина легендарниот српски композитор Корнелије Ковач.

Тажната вест на својот профил на „Инстаграм“ ја објави неговата ќерка, познатата кантавторка Александра Ковач, а причината за смртта е инфекција со коронавирус, потврди семејството.

Корнечлије Ковач остави огромна трага на музичката сцена во поранешна Југославија. Неговите хитови кои ги снимија Лепа Брена и Здравко Чолиќ и денес се пеат.

Токму балканската фолк-дива се огласи со емотивна порака по смртта на Ковач.

„Почина човек кој имаше посебен сензибилитет за музика, оригиналност преточена во неговите дела. Културен и премногу чувствителен за нашето време. Соработката со него беше задоволство. Напиша толку убави композиции, музика за разни театарски претстави. Тоа што го твореше за мене беше поинакво и оригинално и за мене многу суптилно и блиско. Ќе остане запаметен по евергрините. Вечна му слава, мир и спокој во душата“, напиша Брена.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Сите брчки на лицето сум ги заслужила: Ени Ленокс одлучи да старее природно

Славната британска пејачка Ени Ленокс која во декември ќе наполни 68 години одлучи природно да старее. Поранешна вокалистка на „Јуритмикс“ во нејзиното последно интервју повторно зборува за одржувањето на младешкиот изглед со ботокс кој го практикуваат многу нејзини колешки. Зборувајќи за достоинствено стареење, Ленокс тврди дека никогаш не била на […]