fbpx

Тажен ден во Македонија: Владимир, почивај во мир!

Тажна вест денеска соопшти ракометниот клуб Вардар.

Истата ви ја пренесуваме во целост.

Ракометното семејство на Вардар загуби спортски работник, откако вчера почина Владимир Михајловски – Папс (1949) кој целиот свој живот го посвети на Вардар и ракометниот клуб.

Тој беше дел од РК Вардар во времето кога „црвено-црните“ почнуваа да владеат во македонскиот ракомет и сведок на успесите на „црвено-црните“, почнувајќи од легендарната сала Расадник па до СРЦ Кале, на првите европски настапи и искачувања.

Се радуваше заедно со клубот на првите трофеи, во Купот и првенството на Македонија. Потоа следуваше период на доминација на вардарци, а Михајловски постојано беше со тимот.

Беше еден од основачите на МРК Вардар, вториот тим на Вардар каде продефилираа многу млади играчи кои потоа продолжија во сениорскиот состав, а најголемиот дел од нив станаа и репрезентативци на Македонија.

Во еден период беше и дел од репрезентацијата, во младинска и сениорска конкуренција постојано следејќи ги ракометарите.

Следни Објави

Многу домаќинки грешат: Вака всушност се прави запршка

Во денешно време запршките се’ помалку се употребуваат или се сведени на минимум, но многу јадења и понатаму се незамисливи без нив. Знаеме дека запршката не е најсреќното решение за организмот, но со умерена употреба на брашно и зејтин тоа не мора да биде така. За бела чорба или за […]