fbpx

Ваква жена-монструм Македонија не памети: Свирепо убиство, една работа ги шокира сите

Крвава љубовна драма, лишена е од слобода 51-годишна кавадарчанка

Полициски службеници од СВР Велес-ОВР Кавадарци во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, по преземени оперативни мерки и активности ја лишиле од слобода М.Б.(51) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по чл. 123 од Кривичниот законик.

Имено, на 06.09.2022 осомничената била во домот на И.М.(70) во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка, во која осомничената со остар предмет му нанела повреди на И.М.

Она што ги шокира сите е што потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото.

По преземени мерки и активности по наредба од Основен суд Кавадарци извршени се претреси во домот на осомничената, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при извршен службен разговор, таа делото го појаснила во целост.

Од ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци против М.Б. е поднесена кривична пријава, а од страна на судија од Основен суд Кавадарци одредена ѝ е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Следни Објави

Скопјанец се оптегна како да е на море, нема да верувате каде се испружи (ФОТО)

Си ја сака работата, ама дефинитивно знае и како да ужива Интересна фотографија ни испрати една наша верна читателка. Средовечен маж лежи на покрив на една од зградите во скопски Карпош како да е на море. Очигледно човекот решил малку да се одмори по напорната работа. Епа, на здравје сончање! […]