fbpx

Трагедија: Почина популарниот пејач од „Никогаш не е доцна“

Калиопи му даде максимална поддршка од судиското столче

По долго и тешко боледување, на 68-годишна возраст почина Фарук Кариќ од Мостар, познатиот натпреварувач од шоуто „Никогаш не е доцна“.

Тажната вест ја потврди и победникот во шоуто, Ромео Николиќ, кој беше негов долгогодишен пријател.

Кариќ често во интервјуата нагласуваше дека музиката му е во крвта. Често се дружел со микрофонот, но никогаш не се охрабрил да сними своја авторска композиција.

„Самиот сум си виновен, во младоста други работи ми беа поважни“, раскажа во една прилика.

Во 1992 година Фарук заминал на печалба во Германија, а потоа две децении престојувал во Америка. Бил таксист, водел маркет, работел и во фирма, а во родниот град се вратил дури по пензионирањето, пренесуваат регионалните медиуми.

Кога се појави во шоуто „Никогаш не е доцна“ имаше 62 години. Тогаш, како што нагласи водителот Жика Јакшиќ, од оправдани причини изостана поддршката од семејството.

Кариќ позади себе остави сопруга и син.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Запознајте ја најконтроверзната македонска професорка: Вака изгледа без шминка (ФОТО)

Каљтрина Круезиу Балаш е професорка по солфеж и диригирање во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“, но работи и како мејкап артист. На „Инстаграм“ има 53.000 следбеници и дефинитивно е најконтроверзната македонска професорка. Поради пластичните операции за кои отворено зборува, медиумите почна да ја нарекуваат „македонската барбика“. Калтрина прво […]