fbpx

Македонија тагува: Неговото срце застана засекогаш, нека почива во спокој

Поминавме многу моменти заедно. Денови кога бевме сами или со уште неколкумина во малата секретарска канцеларија или во некое село.

Беше ладно и време на страв кога тргнавме од нула за да ги менуваме работите и да ја враќаме довербата и градиме структура. Одевме од село во село и ме запознаваше со сите што би можеле да ни се приклучат на нашата нова идеја и концепт.

Успеавме да направиме организација и тим што е пример за другарство, грижа за секој, добри дела и голема љубов и локален патриотизам за развој и напредок како никогаш.

Педо работеше и живееше за оваа идеја со неговото срце што денес за жал застана засекогаш. Сите ние ќе го паметиме и ќе се навраќаме на моментите.

Нека почива во спокој, нека му е светол патот и вечна славата!

Фејсбук-статус на Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Денес е посебен ден: Две работи се забранети, никако не правете ги

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 октомври кога ги славиме светите маченици Сергиј и Вакх. Овие двајца беа видни луѓе на дворот на Максимијан. Но, штом Максимијан дозна дека се христијани, својата наклонетост ја претвори во гнев, па ги испрати во Азија кај својот намесник Антиох, откако […]