fbpx

Стефан Богоев стана татко: Детето доби име со моќно значење

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, сподели убава вест на социјалните мрежи.

Потпретседателот на владејачката СДСМ стана татко, а синот доби име со моќно значење.

„Шетајќи со Бенџи, ни стигна абер од Ивана: Нов член во екипа Богоеви! Лука in da haus“, во свој стил се пофали Богоев.

Оригиналната форма на името Лука е Lucаs и е со латинско потекло. Значење на името: од Lucius-светол, роден во зора. Некои сметаат дека името е со грчко потекло, односно дека произлегува од Λουκᾶς и значи човек од Луканија (област во јужна Италија), меѓутоа ова е малку веројатно.

Стефан Богоев и Ивана Анѓеловска се четири години во брак. Во едно интервју тој откри дека неговата партнерка е бренд менаџер која се занимава со мода, козметика и здрав живот. Инаку е дипломиран политиколог. 

Фото: 1ТВ/Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Лила проговори за најмрачниот период: Ми требаше време да се соземам

Откако им призна на фановите дека позади себе остава една претешка година, Лила Стојановска конечно ги потврди шпекулациите за нарушеното здравје. Познатата водителка која веќе подолго време носи перика, се’ уште нема директно проговорено на оваа тема, но неодамна на својот роденден истакна оти научила дека секој ден е борба […]