fbpx

Неочекуван пресврт: Се јави сопругата на починатиот Марко, еве што навистина се случувало

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на 30-годишниот Марко Стојановиќ кој почина по груба лекарска грешка.

Младиот човек од Свилајнец на 24 октомври отишол на колоноскопски преглед во болницата во Ќуприја по што настанале големи компликации и бил префрлен во УКЦ Крагуевац. Но, оттаму итно го пренеле во Ургентниот центар во Белград каде што починал.

Марко позади себе ја остави сопругата Николина со која има петнаесетмесечен син. Од првиот брак има и десетгодишна ќерка.

Семејството на Марко најави дека ќе ја тужи болницата поради несовесно постапување и професионална грешка. Сега се огласи и неговата жена.

„Според лекарите, тој од докторот добил некој документ каде дал согласност за последиците кои тој преглед ги носи. Не се сомневав во стручноста на здравствените работници и искрено не знаев кој е тој, не му знаев ни име, ни презиме. Ниту во сон не очекував дека ова ќе се случи“, раскажува Николина.

Вели дека првата информација околу тоа што се случило ја добила од свекорот, бидејќи таа поради работните обврски не можела да отиде со сопругот на преглед.

„Во еден момент го повикала жена која го упатила горе во ординацијата бидејќи нешто се случува. Кога докторот се појавил пред таткото на Марко, ги преклопил рацете и почнал нервозно да мавта со палците. Му објаснил дека се случил „мал проблем“ и дека Марко мора итно на операција“, открива Николина.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресно! Почина Хана на 36 години, се прослави во ова реално шоу (ФОТО)

Трагедија! Уште еден живот прерано згасна, тажната вест бргу се прошири на социјалните мрежи. Почина Хана Стаматовиќ, поранешната учесничка во популарното реално шоу „Преживеан“. Таа ја загуби битката со ракот, имаше само 36 години. Бројни пријатели и роднини се простуваат од неа со емотивни посвети на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“. […]