fbpx

Свештеник (33) загина во сообраќајка: Со него биле и трите ќерки (ФОТО)

Немања Величковиќ (33), свештеник на Браничевската епархија, загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата околу 18:50 часот во градот Ботуње, на државниот пат од Баточина кон Крагуевац.

Тој бил зад воланот на еден од автомобилите кои учествувале во страшниот верижен судир. Починал на лице место.

Со него во автомобилот биле неговата сопруга и нивните три ќерки. Сите се повредени и укажана им е медицинска помош во болницата во Крагуевац.

Жената си ја повредила раката, а и децата се надвор од животна опасност.

Во сообраќајната несреќа загина само Немања, а во Медицинскиот центар во Крагуевац се пренесени осум повредени, меѓу кои пет деца.

Според последните информации, сите се во стабилна состојба.

Следни Објави

Најново соопштение од МВР за исчезнатата Вања

Нема ниту трага, ниту глас од 14-годишната Вања Ѓорчевска која исчезнала утрово на пат кон училиштето „Песталоци“ во центарот на Скопје. За случајот информираше мајката на девојчето, Зорица Ѓорчевска, која побара помош преку социјалните мрежи. Проверки врши и полицијата, испитани се и повеќе лица кои имале контакт со тинејџерката. Вечерва […]