Ја загуби битката со болеста
Почина британскиот гитарист и еден од основачите на култната панк-рок група „Клеш“.
Кит Левен (65) кој боледуваше од рак на црниот дроб, се упокои во својот дом во Норфолк, пренесе „Гардијан“.
Неговата партнерка, Кејт Рансфорд, која ги поминала последните часови со него, на медиумите им изјави дека починал мирно во кругот на најблиското семејство.
Левен кого британската музичка критика го вброи во еден од највлијателните гитаристи на сите времиња, беше еден од основачите на бендот „Паблик имиџ“.
Групата „Клеш“ ја основа во седумдесеттите заедно со гитаристот Мик Џонсон, но ја напушти пред да стане позната.
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.