fbpx

Свадба се претвори во хорор: Младоженецот и пет сватови се мртви, околу устата го имале ОВА

Страшно!

Младоженец и пет сватови починаа под мистериозни околности за време на свадбена прослава, додека невестата и уште седум гости завршија во болница.

Обина Диеке (33) и нејзиниот партнер Небечи се венчале во петокот, а на свадбата во градот Енугу, Нигерија, ги поканиле најблиските роднини и пријатели.

Следното утро, 14 луѓе, вклучувајќи ги и младенците, се пронајдени без свест во семејниот дом, а околу устата имале пена.

Сите биле итно префрлени во болница, но на младоженецот и на пет сватови им немало спас. Невестата и уште седум гости и понатаму се на лекување.

Се’ уште не е познато што се случило. Соседите се сомневаат дека е во прашање труење со храна или со јаглерод-диоксид, бидејќи имале генератор во куќата.

Полицијата соопшти дека обдукција мора да има, за да се утврди точната причина за смртта.

Медиумите пренесуваат дека младенците со дел од гостите се вратиле во нивниот дом по свадбената веселба.

„Откако наредниот ден никој не се појавил во дворот, соседите кои тргнаа да им честитаат на крај ја разбија вратата и ги затекнаа луѓето во бессознание“, информира полицијата.

Еден од гостите на свадбата верува дека сите умреле од труење со јаглерод-диоксид.

„Генераторот го ставија во ходникот, а потоа седнаа да пијат и да се веселат“, изјави тој.

Не е познато дали овој човек присуствувал и на домашната забава или само претпоставува што се случило.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Утре е голем и посебен ден: Никако не смеете да го правите ова!

На овој ден се празнува преносот на моштите на св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и […]