fbpx

Починала од тага по синот Александар: Нови шокантни детали од животот на Мара Попара

Нови моменти од тешкиот живот на легендарната македонска актерка Катерина Крстева од час во час се споделуваат на социјалните мрежи.

Откако актерот Гоце Тодоровски, инаку нејзин колега од култното радиошоу „Хихирику“, со најдобра намера откри дека славната Мара Попара си имала свои маки со кои храбро се носела и дека позади себе го оставила единственото чедо кое го родила на речиси 50 години, сега блиски пријатели на нејзиниот син Александар велат дека приказната е многу потрагична.

Александар починал на 36-годишна возраст во септември.

„Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, на која тој ѝ беше целиот свет, се тргна од се’ и тивко свена. Трагедија е сето кое се случи, тој немаше семејство, не остави потомство. И двајцата со мајка му беа добри луѓе, ведри, но ете, се случи тоа што се случи.. Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата“, велат пријатели на Александар за „Фокус“.

Претходно, и актерката Стојна Костоска напиша трогателна посвета со која откри за трагичната судбина на синот на Крстева.

„Драга колешке, престанаа твоите болки, сега сте сите ангели на небото, сопругот, син ти.. Чувај ги! Кате, лесна ти земја“, напиша таа на „Фејсбук“.

Следни Објави

Крајот бескрајно тажен: Блага Петреска скршена од болка

Предмалку се огласи легендарната македонска пејачка, сподели тажна порака Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на Катерина Крстева, дамата на македонското актерство која меѓу народот беше популарна како Мара Попара. Нејзини колеги велат дека си имала свои маки со кои храбро се носела, а пријатели на семејството открија дека […]