fbpx

Победи во „Икс фактор“, доби дете, се разведе, а сега повторно стапи во брак (ФОТО)

Македонскиот пејач повторно се заколна на вечна љубов

Даниел Кајмакоски кој се прослави по победата во регионалното музичко шоу „Икс фактор“, минатата година сподели неколку фотографии со новата девојка, а сега на своите следбеници на „Инстаграм“ им откри дека врската е официјализирана.

Јавноста не знае речиси ништо за неговата нова избраничка. И двајцата сакаат патувања, но и животни.

„Ти си се’ што барав“, ѝ порача јавно пејачот на саканата во една негова објава.

На Кајмакоски, кој своевремено не’ претставуваше и на „Евросонг“, многумина му предвидуваа блескава кариера, но кога публиката најмногу очекуваше од него тој одлучи да му се посвети на приватниот живот.

Се ожени со манекенката и пејачка Кристина Димитријевска, го добија синот Давид, но љубовта кратко им траеше.

Разидувањето им беше скандалозно, барем така пишуваа медиумите.

„Јас сум и мајка и татко на мојот син“, изјави Димитријевска во едно интервју.

На прашање од новинарката во какви односи е со поранешниот сопруг, таа кратко порача дека не сака да се враќа во минатото и дека има други многу поубави работи за кои може да се зборува.

Ј.П.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Замина во вечноста, но она што го направи вечно ќе се памети: Почина Живко Дуковски

Maкeдонскиот спорт загуби уште една голема легенда. Животната сцена денеска ја напушти Живко Дуковски, големиот боксерски шампион, тренер и функционер. Целиот свој живот го посвети на боксот и даде голем придонес за афирмацијатра на благородната вештина. Беше неуморен, уште како млад го засака овој спорт на храбрите и уште во […]