fbpx

ШОК! Холанѓанец тврди дека го предвидел земјотресот во Турција: Еве што напишал пред три дена!

Звучи неверојатно

Втор силен земјотрес за помалку од 12 часа го погоди југоисточниот дел на Турција, а државните медиуми во Сирија објавија дека се почувствувал и во главниот град Дамаск.

Според Американскиот геолошки институт, тој имал јачина од 7,5 степени според Рихтерова скала, а епицентарот бил кај градот Караманмараш, на длабочина од два километра.

Бројот на загинати во денешниот катастрофален земјотрес во Турција и Сирија надмина илјада и се стравува дека тој ќе биде многукратно поголем. Сириските власти кажаа дека во земјата има над 320 мртви и повеќе од 1.000 повредени.

Иако звучи неверојатно, Холанѓанец, извесен Франк Хугербитс, на својот твитер-профил на трети февруари годинава во 13:03 часот објавил дека Турција, односно нејзиниот јужно-централен дел во близина на Сирија, Јордан и Либан, како што напишал „порано или подоцна“, ќе ја погоди земјотрес со јачина од 7,5 степени.

За жал неговото предвидување се покажа вистинито. Тој се огласи и веднаш по земјотресот и кажа дека неговото срце е со повредените. Како што напиша, потресот го предвидел по „движењата на планетите“.

Следни Објави

Македонец тешко повреден во земјотресот: Нови детали за УЖАСОТ во Турција

Девет наши државјани се во Турција, осум ученици и нивниот ментор и наставник, потврдија од Македонското министерство за надворешни работи (МНР). Во катастрофалниот земјотрес во Турција повредени се двајца македонски ученици кои преку програмата „Еразмус плус“ престојувале таму. „Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: […]