fbpx

Баба и внук пошле во продавница по ЛЕБ: Никој не се надевал на ОВА!

Момче детално ја прераскажа оваа потресна сцена и како се воодушевил од потегот на една девојка

Едно момче кое инсистираше да остане анонимно, во својата исповед откри несекојдневна сцена која ја доживеал во продавница.

Тој детално опиша што се случило додека чекал ред на касата во супермаркет.

„Настанот се случи пред неколку години. Чекав на каса во еден поголем маркет во Чачак кога во еден момент до мене се појави девојка која немаше повеќе од 25 години. Ѝ се обрати на продавачката: „Ќе ве замолам, ги гледате ли онаму меѓу рафтовите бабата и внукот? Еве ви 10.000 динари и ве молам следете ги на која каса ќе застанат. Кажете им дека се јубилејни купувачи и дека на наградна игра добиле ваучер од износот што ви го давам. Ќе можете ли?“, раскажува момчето.

Касиерката веднаш се согласила, па ја прашала девојката дали ги познава овие луѓе и дали треба да им каже од кого се парите.

Се разбира, девојката одговорила дека првпат ги гледа, но кога на поминување слушнала како внукот ја молел бабата да му купи чоколада, а таа љубезно се обидувала да му објасни дека дошле по леб и паштета и дека нема пари за ништо друго, ѝ се скршило срцето.

„Немав тогаш, а немам ни сега доволно зборови за да ви објаснам колку бев воодушевен од овој гест“, заклучува момчето.

Илустрација: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Исповед на преживеан патник од возот на смртта: Ова никој не го очекуваше (ВИДЕО)

Цела ноќ спасувачите неуморно работеа за да ги спасат преживеаните патници по тешката железничка несреќа што се случи на северот на Грција, во која загинаа најмалку 47 лица. „Судирот беше страшен, сцените тешко се опишуваат“, изјави по несреќата Костас Агорастос, регионален гувернер на регионот Тесалија. „Огнениот кошмар траеше цели 10 […]