fbpx

Македонија тагува! Сите се простуваат од Филип

Тажна вест сподели Ракометната Федерација на Македонија

Почина Филип Христов, човек кој голем дел од својот работен и животен век посвети на ракометот. Ракометната и спортската јавност воопшто, денес изгуби еден вреден спортски работник и редок професионалец.

Првенствено препознатлив како дел од раководната структура на РК „Металург“ три децении наназад и директен учесник во формирањето на машката и женската екипа, Филип Христов својот спортски стаж го заокружи со ангажман во РФМ, како дел од комисијата за натпреварување.

Ракометната федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочувство до семејството Христови.

Следни Објави

Ферус Мустафов заплака среде емисија: Тешко ми е, не се раѓа таков..

На седми февруари ненадејно почина нашиот врвен инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, маестро Милан Завков (61). Еден од најблиските пријатели и соработници на Завков беше единствениот Ферус Мустафов. Легендарниот македонски кларинетист и саксофонист неодамна гостуваше во последниот подкаст на јутјуберот Стефан Лазаров и зборувајќи […]