Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на 20-годишниот В.А. од Радовиш.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото момче е предадено на обдукција. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
В.А. починал во Клиничката болница во Штип. На момчето му се слошило откако бил уапсен од полициски службеници кои извршиле претрес во неговиот дом, за што имале судска наредба.
При претресот во неговиот дом била пронајдена марихуана, соопшти полицијата.
„Момчето е донесено во болница без знаци на живот. Направена му е реанимација, но без успех. Констатирана е смрт“, изјавија од Клиничката болница во Штип.