Нова трагедија денеска во Македонија, уште еден живот прерано згасна
Тажна вест споделија од навивачката група Комити Драчево. „Прерано не’ напушти нашиот другар и брат Никола-Рипче. Прими го Господи во Царството Твое“, напишаа администраторите на официјалната фејсбук-страна.
-Која животна сладост останува без жалост? Која земна слава е неизменлива? Сѐ е понемоќно од сенка, сѐ е полажно од сон-во еден миг смртта грабнува сѐ. Но, Христе, во светлината на Твоето лице и во насладата на Твојата убавина, Твоето чедо што си го избрал, упокој го како Човекољубец. Почивај во мир брат! Царство Небесно! Споменот за тебе ќе остане вечно-стои во продолжение на нивната трогателна посвета.