fbpx

Докторка предупредува: Итно исфрлете го од исхрана младото кромитче ако сте со оваа дијагноза

Младото кромитче е еден од сигурните знаци дека започнала пролетта и дефинитивно многумина сакаат да го јадат. Како и сите други видови на кромид (бел или црвен кромид, праз, власец) има широк спектар на примена. Се одгледува повеќе од пет милениуми и е една од првите култивирани култури, а денес расте низ целиот свет.

Младиот кромид е хранливо богатство, содржи значителни количини на витамини А и Ц, а особено витамин К. Има и витамин Е, витамин Б комплекс и разни минерали и елементи: калиум, натриум, калциум, железо, сулфур, фосфор, магнезиум, хром, селен, манган.

„Покрај тоа што содржи витамини и минерали, на пример, витамин Ц, витамини од групата Б, влакна, содржи и флавоноиди кои делуваат како антиоксиданси, намалувајќи ги воспалителните процеси во организмот. Најчесто влијаат на кардиоваскуларните процеси, дијабетесот и онколошките заболувања. Исто така, кромидот позитивно влијае и на имунитетот“, вели нутриционистката Наталија Нефедова во интервју за „Спутник“.

Таа исто така наведува дека кромидот помага да се намали внесот на сол во организмот. Треба да се јаде редовно за да има превентивно дејство во борбата против болестите, смета докторката.

„Единствен проблем е лошиот здив, но не од устата, туку од кожата, бидејќи мирисот на кромидот се испушта низ порите“, објаснува Нефедова.

Сепак, некои луѓе имаат проблем со варењето на младото кромитле и треба да го избегнуваат.

„Треба да се консумира на ограничен начин ако имате чувствителен стомак, ако страдате од гастритис или имате киселост. Но, тоа не значи дека воопшто не треба да се јаде, туку дека е неопходно да се консумира количина на кромид што му одговара на вашето тело“, заклучува Нефедова.

Следни Објави

Се шири нов смртноносен вирус: Нови починати, сè уште нема лек

Пет лица заразени со вирусот Марбург починаа во северозападниот танзански регион Кагера, соопшти Министерството за здравство, јавува Би-би-си. Високата температура е чест симптом на овој смртоносен вирус сличен на ебола, често пропратен со крварење и откажување на органите. Министерката за здравство на Танзанија, Уми Мвалиму, изјави дека вирусот е делумно […]