fbpx

Шефот му дал коверт и му рекол дека тоа што е внатре ќе му го промени животот: Занемел од шок кога го отворил (ВИДЕО)

Тиктокерот Сем Пелисеро сподели непријатно искуство од неговата претходна работа кога неговиот поранешен шеф му дал божиќен бонус, ветувајќи дека пликото ќе му го „промени животот“. Тој вели дека во тој период едвај врзувал крај со крај и дека бил крајно разочаран од содржината на ковертот.

Објасни дека половина плата морал да ја троши на кирија, оставајќи многу малку пари за храна, комуналии и трошоци за живот. Иако побарал покачување и дополнителни задачи, газдата не покажал разбирање и тогаш почнал да превезува патници со автомобил.

По шест месеци работа, шефот го повикал во канцеларија за да му даде бонус, објаснувајќи му дека ја забележал неговата напорна работа и дека во него гледа голем потенцијал да добие решение на неопределено.

„Парите во овој плик ќе ви го променат животот“, му рекол газдата, а воодушевениот тиктокер почнал да ја замислува сумата сокриена во ковертот.

Си замислувал дека ќе има барем 5.000 долари.

„Внатре имаше 250 долари“, откри фаќајќи се за глава, а видеото собра 3,9 милиони прегледи и околу 10.000 коментари.

@sampelissero

#stitch with @maryefrost I don’t think there was every a period of time where that much money was life changing 😭😭😭#fyp #boomer #storytime #poor

♬ original sound – Shmee

Секако, меѓу коментарите имаше и многу бурни реакции.

„Би му рекол да додаде уште некоја нула“, се пошегува еден негов следбеник.

„Ја оставивте ли таа работа?“, праша друго лице.

„Како оваа сума може да промени нечиј живот? Дали сме во 1945 година?“, праша трет.

„Не се работи толку за количината, колку за тоа што шефот ти рекол дека тоа ќе ти го промени животот“, констатира друг тиктокер.

Следни Објави

Почина Наталија, солзи и шок: Бевме уверени дека со нејзиниот оптимистички дух ќе ја добие најважната битка

По тешко боледување почина познатата хрватска стрелачка Наталија Кикељ Вугринец. Тажната вест ја потврдија и од нејзиниот матичен клуб Алзас од Чаковец. „Потребни и беа само две години да стане една од најдобрите хрватски спортистки во гаѓање со воздушен пиштол и да го освои бронзениот медал на националното првенство. Не […]